Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова голеада на ФК Вардар генер. “2002“ за крај на есенскиот дел во регионалната лига
Нова голеада на ФК Вардар генер. “2002“ за крај на есенскиот дел во регионалната лига

Нова голеада на ФК Вардар генер. “2002“ за крај на есенскиот дел во регионалната лига

Во последното есенско коло од регионалната лига победа забележа генерацијата на ФК Вардар, родени “2002“ година. Тие денес за противник ја имаа екипата на Куманово, која ја совладаа со резултат 7:0

Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Костовски (c), Пешовски, Ѓорѓиевски, Крстевски, Шабани, Гугуљанов, Речица, Фазлиу, Исени, Омерагиќ.

Уште од првата минута тргнавме офанзивно кон голот на Куманово, давајќи му до знаење на противникот дека бодовите ќе останат во Скопје. Прв обид имаше Петар Гугуљанов, кој биеше покрај противничкиот гол. Црвено-црните имаа посед на топка, но сеушпте немаше некоја посериозна прилика за отварање на резултатот. Главна “фигура“ во првото полувреме беше Харбин Речица, кој интересно ги постигна сите четири голови за црвено-црните. Првиот гол беше од слободен удар, биеше Речица во горниот десен агол од голманот прецизно за водство од 1:0. На вториот погодок не се чекаше многу време, откако во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Омерагиќ. Одговорноста за удар од белата точка ја презема Речица кој бие прецизно за водство од 2:0. Се обиде и Гугуљанов кој шутира, но топката завршува во рацете на голманот. Ново ремек дело следи на Речица, сам зема топка се ослободува од неколку играчи и од голманот и бие во мрежата, за резултат од 3:0. До крајот на првиот дел уште еден погодок за Вардар и нов четврти за Речица. Голот е повторно од удар од белата точка за предност од 4:0.

15202562_1164918963554948_511826705864795336_n

На стартот на второто полувреме беа направени неколку измени во нашиот состав. Деби на голот за оваа генерација имаше Лука Стојковски кој го замени Марко Станковски. Продолживме со доминација и во овој дел од играта. Нов играч кој погодува е Азер Омерагиќ за водство од 5:0. Од корнер нафрлена топка, со глава во голот ја смести Омерагиќ. Во листата на стрелци се запишува и ново влезениот Марио Илиевски кој погодува за водство од 6:0. За одбележување е обидот на Салиу кој завршува во пречката од противничкиот гол. Натгпреварот завршува со погодок на Петејчук Анатолиј кој носи водство од 7:о. Овој резултат беше и конечен на крајот.

15170768_1164918986888279_2663596782907786984_n

Со денешниот натпревар заврши есенскиот дел од сезоната во регионалната лига за оваа генерација. Вардарци имаат девет победи и само еден пораз, кој го изгубија со службен резултат од екипата на Работнички.