Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Петарда“ во мрежата на Милано, Вардаровата генерација “2004“ продолжува со победите во регионалната лига
“Петарда“ во мрежата на Милано, Вардаровата генерација “2004“ продолжува со победите во регионалната лига

“Петарда“ во мрежата на Милано, Вардаровата генерација “2004“ продолжува со победите во регионалната лига

Утрово на теренот на академијата се одигра натпревар во регионлната скопска лига, помеѓу генерациите “2004“ на ФК Вардар и Милано. Поуспешни беа избраниците на Игор Кралевски, кои славеа убедливо со резултат 5:0.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Јаневски, Серафимов, Љушев, Богдановски, Павлески, Попов, Каровски, Перковски, Гуџуфи, Стоимов.

Првите десет минути од натпреварот поминаа без некоја конкретна шанса од страна на двете екипи. Се играше борбено пред се на средината на теренот, но без директен удар кон двата гола. Никола Павлески беше играчот кој прв биеше, но топката заврши високо над голот на Милано. Се обиде и Гуџуфи , но одбрани противничкиот голман. Сепак Вардар беше поконкретен и имаше поголем посед на топка, па тоа даде резултат кога Вардарци го отворија резултатот и поведоа со 1:0 со голот на Сандро Каровски.

2

Од корнер нафрли Богдановски Матеј, а на вистинското место во противничкиот шеснаесетник се најде Сандро Каровски кој со глава ја погоди мрежата на кумановчани. Набргу го зголемуваме резултатот со голот на Бесар Гуџуфи кој бие од околу 20 метри и шутира под пречката од голот на Милано, за предност од 2:0. Имавме иниијатива на теренот, а Милано беше повлечен на својата половина. Павлески со нов удар, кој завршува во рацете на голманот. Прва измена направи тренерот Кралевки, кој го уфрли во игра Исмет Хајдари на местото на Перковски. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Милано , но голманот на Вардар, Горазд Гигов го одбрани ударот. По првиот дел, црвено-црните имаат предност од 2:0.

4

Веднаш на стартот на второто полувреме, Вардар успева да го зголеми водството на 3:0, а во листата на стрелци се запиша Давор Серафимов. Имавме шанса од десната страна преку Љушев кој направи продор, биеше но голманот на гостинот, успешно одбрани и спречи поголема негатива. Два удари имаше и Гуџуфи, од кои едниот го одбрани голманот, а другиот заврши над голот. Две измени во нашите редови. Од игра излегоа Стоимов и Богдановски, на нивно место во игра се Анчевски и Стојановски Стефан.

3

Тренерот Кралвски им даде шанса за настап на сите играчи. Влегоа Ангеловски и Јовановски, на местото на Гигов и Попов. Нововлезениот Стефан Стојановски имаше голема шанса да го зголеми резултатот, откако доби топка во празно излезе сам со голманот на Милано, кој го брани ударот. Стојановски се повреди па мораше да го напушти теренот, на негово место влезе Сурлов Марио, додека Лука Ивановски го замени Гуџуфи. Четврти гол во мрежата на Милано, откако Милано направи три корни беше досуден скратен корнер. Сигурен реализатор беше Никола Павлески за водство од 4:0. Љушев до Каровски, одлична акција која започна од Сурлов, асистент на голот Љушев, а реализатор е Каровски, кој зголеми на 5:0. Ова беше и конечен резултат на крајот од натпреварот.