Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Избраниците на “Чунга Лунга„ не запираат со победите, ФК Вардар генер. “2007„ ги наполни мрежите на Шкупи и Скупи
Избраниците на “Чунга Лунга„ не запираат со победите, ФК Вардар генер. “2007„ ги наполни мрежите на Шкупи и Скупи

Избраниците на “Чунга Лунга„ не запираат со победите, ФК Вардар генер. “2007„ ги наполни мрежите на Шкупи и Скупи

Ладното време не претставуваше проблем за вардаровата генерација “2007„ која денес стигна до две нови победи во рамките на детската лига. Избраниците на популарниот “Чунга Лунга„ беа убедливи во дуелите со екипите на Скупи и Шкупи.

Вардар (1) успеа да ги совлада врсниците од Скупи со убедливи 15:0. Самиот резултат говори за случувањата на теренот на овој натпревар, на кој црвено-црните целосно го надиграа противникот. Стефан Младеновски на овој натпревар беше голгетерески расположен постигнувајќи пет голови, додека во чекор го следеа и Александар Грашески со 4 голови, Џулијан Битичи со 3, додека по еден беа дело на Милош Спасовски, Емир Шаботиќ и Борјан Томовски.

Вардар (2) исто така го “прегази„ тимот на Шкупи со резултат 9:0. И тука целосна доминација на Вардарци кои можеа да слават уште поубеливо. Џулијан Битичи на овој дуел постигна хет-трик, додека Михаил Јордановски два гола. Во листата на стрелци се запишаа уште и Леон Манчев, Лука Рајчин, Никола Јовановски и Димитар Блажевски.

Секоја чест за оваа генерација на Вардар која на две кола пред крајот на есенскиот дел во детската лига има максимален број на освоени бодови. И двете екипи предводени од “Чунга Лунга“ имаат по осум победи, вкупно 16 од исто толку мечеви за нашите млади надежи.