Вардар одново не победи, иако имаше предност. Македонија ЃП презадоволна си заминува, бидејќи имаше загубен натпревар, но Вардарци повторно го враќаа во фудбалски живот противникот, за на крајот конечни 2:2,
По првиот дел Вардар водеше со 1:0 со голот на Мирчевски. Уште во првата минута од дуелот Вардарци имаа своја шанса преку Цветаноски, кој биеше одкосо само покрај голот на гостинот. Се играше 19.минута, а Вардар дојде до предност. Одлична акција на ,,црвено – црните”, Петровиќ го пронајде Цветаноски, кој со одлична асистенција до Мирчевски кој погоди од само неколку метри за 1:0. Вардар продолжи со добрата игра и во продолжението од дуелот. Попзлатанов имаше нова шанса за Вардар, но голманот на гостите одбрани. За одбележување беше и шанса на Цветаноски, кој биеше од 15-сетина метри само над голот на гостинот. До крајот на дуелот немаше промени на резултат па со 1:0 се замина на пауза.
Вториот дел започна одлично за Вардар. По само седум минути игра преку Цветаноски, Вардар поведе и со 2:0. Кога се чинеше дека Вардар ќе оствари победа, повторно се случи она спротивното. Најпрвин по огромна грешка на Илиќ, Калид намали на 2:1. А во 67. минута, Божиновски со нов гол го донесе својот тим до егал. До крајот на дуелот Вардар се обидуваше, имаше неколку шанси и за трет гол, но изостана реализацијата, па така со по еден бод за двете екипи заврши денешниот дуел.