Фк Вардар генерaција “2006“ денес со почеток од 14:40 часот ќе се бори за својот петти последователен трофеј од младинските фудбалски турнири. Изминативе три дена во спортската сала на училиштето “Наум Наумовски- Борче“ во населбата Маџари се одржува турнир за генерации родени “2005“ и “2006“ година. Избраниците на Кралевски утрово го одиграа полуфиналниот меч со екипата на Работнички и победија со конечен резултат од 3:1. Три различни стрелци донесоа ново финале за својата екипа. Никита Патаровски, Дамјан Крстевски и Давид Голубов се играчите кои ја погодија мрежата на противникот. На денешниот дуел шанса да застане на голот доби младиот и перспективен Лука Јаневски, кој е роден генерација “2007“, но поради отсуството на првиот чувар Андреј Данстак, тренерот Кралевски беше принуден да прави измена. Во претходните два меча во групата, црвено-црните без поголеми проблеми издвојуваа победи против Фортуна (9:1) и Нови Лисици (6:1). И на денешниот меч беа на своето препознатливо ниво и целосно го надиграа противничкиот тим. Со победникот од дуелот Шкупи-Форца, ќе биде познат противникот на Вардарци во големото финале.
Во моментов уште една наша генерација, води борба за пласман во големото финале. Фк Вардар генерација “2005“ во поолуфиналето игра против екипата на Металург.