Претстојниов викенд ќе се одигра 7 коло во младинските фудбалски лиги, противник на Вардар ќе биде екипата на Македонија Ѓ.П.
Во сабота (12.12) пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека истиов ден кадетите и младинците ќе гостуваат во Ѓорче. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.
Помладите пионери на Вардар се големи фаворити во дуелот со врсниците од Македонија Ѓ.П. После шест одиграни кола, избраниците на Стефановски-Гаге се лидери со максимални 18 освоени бодови, додека Македонија Ѓ.П има само 3 бода. Во очекување да ја продолжат победничката серија пионерите ќе се обидат на домашен терен да го победат противникот кој се наоѓа на 9.место со 7 освоени бодови. Момците на Рап-Тап после ова коло можат да се најдат на врвот, секако доколку победат на саботниот дуел, а екипата на Победа да не успеа да слави на гостувањето во Куманово.
Во кадетската супер лига, Вардар е лидер со 18 максимални бодови, додека Македонија Ѓ.П се наоѓа на 8.место со 7 освоени бодови. Во младинската лига, Вардар е пласиран на второто место со 14 бодови, додека противникот се наоѓа на 9.место со само 5 бодови.