Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар против Работнички, во градското дерби на 17.младинско коло
Вардар против Работнички, во градското дерби на 17.младинско коло

Вардар против Работнички, во градското дерби на 17.младинско коло

За претстојниов викенд се закажани натпреварите од 17.коло во младинските фудбалски лиги, во кое на програмата е градското дерби меѓу екипите на Вардар и Работнички.

Сите натпревари со овој противник се закажани за недела (03.04). Пионерските екипи ќе гостуваат на Алумина, во термините од 10:00 и 12:00 часот, додека во истите саатници кадетите и младинците се домаќини на теренот во Хиподром.

За Вардар се посебно важни бодовите на натпреварите со помладите пионери и младинците, кои се борба за освојување на Шампионската титула.