Утре на теренот на академијата своите натпревари од 18 коло во регионалната-скопска лига ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар, родени “2002“ и “2003“ година. Нивни противник во ова коло ќе биде тимот на Ново Лисиче.
Вардаровата генерација “2003“ веќе ја обезбеди титулата во оваа лига, каде има недостижна предност пред конкурентите за трофејот. Овој меч треба да биде полесен тренинг за нашите млади надежи, но и шанса за настап на играчите кои немаа голема минутажа оваа сезона. Првиот дуел одигран во есенскиот дел, Вардар на гостинки терен го доби утрешниот противник со резултат 0:7. Исто така оваа генерација обезбеди и финале во купот на Македонија. Натпреварот со Ново Лисиче се игра во сабота од 10 часот.
Два часа подоцна, односно од 12:00 својот дуел ќе го одиграат Вардар и Ново Лисиче, во повозрасната генерација “2002“. Натпревар кој нема резултатско значење за врвот на табелата, каде црвено-црните важат за голем фаворит на овој меч. Сигурно дека како на претходните натпревари, шанса за игра ќе добијат сите играчи, како што практикува тренерот Петар Ѓорѓиевски.
До крајот на сезоната во регионалната-скопска лига без овој натпревар остануваат уште две кола. Ни преостануваат уште мечевите со екипите на Скопје и Куманово.