Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Њу Старс ја осети силата на младите Вардарци од генер. “2005“, нова голеада за избраниците на Кралевски во детската лига
Њу Старс ја осети силата на младите Вардарци од генер. “2005“, нова голеада за избраниците на Кралевски во детската лига

Њу Старс ја осети силата на младите Вардарци од генер. “2005“, нова голеада за избраниците на Кралевски во детската лига

Вардаровата генерација родени “2005“ година предводена од Игор Кралевски продолжува со добрите игри во детската лига. Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра треттото коло во ова натпреварување. Оваа генерација своите мечеви ги одигра во вечерниот термин под рефлектори.

Вардар (2) својот дуел против екипата на Хет-трик го доби со службен резултат од 3:0, поради недопатување на противничката екипа.

Од 19 часот пак се сретнаа екипите на Вардар (1) и Њу Старс. Полесно од очекувањата, избраниците на Игор Кралевски славеа на овој натпревар. Како препородена игра оваа Вардарова генерација во новата натпреварувачка сезона, која го задржува максималниот број на освоени бодови. Њу Старс ја осети силата на нашите млади надежи го го заврши овој меч со 14 погодоци во својата мрежа. Самиот резултат говори за настаните на теренот, црвено-црните уште од првата минута атакуваа кон голот на противникот. Можевме да постигнеме уште некој погодок, ако не изостанеше концентрацијата во завршниот удар.

Никола Величковски и Петар Пројковски постигнаа по 3 гола. Два гола беа дело на Филип Јовановски и Ѓорѓи Дошев. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Давор Серафимов, Тино Спасиќ, Андреј Петревски и Горјан Цветков. 

Радува добрата игра на оваа генерација, која игра се подобро од натпревар во натпревар подигнувајќи ја својата форма.