Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кларенс Жуниор Битанг е новиот играч на ФК Вардар кој треба да потпише со клубот, доколку ги помине медицинските прегледи
Кларенс Жуниор Битанг е новиот играч на ФК Вардар кој треба да потпише со клубот, доколку ги помине медицинските прегледи

Кларенс Жуниор Битанг е новиот играч на ФК Вардар кој треба да потпише со клубот, доколку ги помине медицинските прегледи

Интернационалецот од Камерун,  Кларенс Жуниор Битанг е новиот играч кој се приклучи на подготовките на Вардар во Анталија. Тој игра на средината на теренот и се очекува да ја потполни празнината после заминувањето на Николов и Спировски.

Во својата кариера има играно за екипи од Камерун, Тајланд и Грција. Настапуваше во Лес Астрес во својата родна земја, потоа во Тајланд во екипите на Вуачон Јунајтед, Бурирам Јунајтед, Чаинат пред да се пресели во Грција и да биде дел најпрво од Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос. Последен клуб му бил Унион Дуала.

16592-kamerunecot-bitang-se-prikluchi-na-podgotovkite-vo-antalija

Доколку ги помине потребните медицински прегледи во Скопје, Битанг ќе биде новото засилување за црвено-црните, во борбата за двојната титула во Македонија.