Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лука Шушњара за посилен Вардар
Лука Шушњара за посилен Вардар

Лука Шушњара за посилен Вардар

ФК Вардар на својата официјална страница го претстави новото засилување во зимскиот преоден рок.

26 годишниот словенечки интернационалец Лука Шушњара е нов играч на ФК Вардар. Доаѓа од екипата на Валета од Малта, а игра на позицијата лево крило.

Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Домжале, Цеље, Мура, Копер, Табор Сежанa, Ролтек Доб (Словенија) Шамбли (Франција) Висла (Полска), Шибеник (Хрватска), Валета (Малта), како и за младиот тим на Аталанта од Бергамо. Лука има настапувано за младинските репрезентации на националната селекција на Словенија.

Добредојде во црвено црното семејство Лука!