Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ниту Јаневски, ниту Бабунски – Вардар игра очајно
Ниту Јаневски, ниту Бабунски – Вардар игра очајно

Ниту Јаневски, ниту Бабунски – Вардар игра очајно

Тимот на Вардар има разочарувачка сезона, ниту смената и новиот тренер Бобан Бабунски не му помогнаа на сега веќе екс шампионот пред се да ја подобри играта и да почне да победува.

Верувале или не, Вардар во овој момент има цели 26 бодови минус зад лидерот Шкендија. Освен овој неверојатен негативен податок, Вардар нема победа на последните шест првенствени натпревари, што за тим каков што е Вардар, во ваква лига, е огромно разочарување.

Покрај овие негативни податоци, сега на Вардар му “виси” и второто место бидејќи тимот на Силекс се доближи на само минус четири. Па така доколку Вардар падне и на таа трета позиција, ова ќе биде една од поголемите утнати сезони.