Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Од Вардар информираат: Да навиваме фер, купете влезница и дојдете, заедно да ја пишуваме историјата
Од Вардар информираат: Да навиваме фер, купете влезница и дојдете, заедно да ја пишуваме историјата

Од Вардар информираат: Да навиваме фер, купете влезница и дојдете, заедно да ја пишуваме историјата

Во четврток Вардар ќе го одигра првиот историски натпревар од вкупно шесте оваа есен во Лигата на Европа. По повод овој прв голем натпревар за Вардар, од клубот информираат за неколку важни работи кои мора да се почитуваат за време и пред натпреварот.

Фудбалскиот клуб Вардар ја информира јавноста дека вратите за влегување на стадионот ќе бидат отворени во 18:30 часот. Апелираме да дојдете порано на стадион, да го завземете своето место означено на вашиот билет. Да не носите цврсти предмети на стадионот, запалки и други работи кои ќе ви бидат одземени уште пред да влезете на Националната Арена „Филип Втори“. Пушењето ќе биде забрането на сите места на стадионот. 

Ве потсетуваме дека во тек е продажба на блок билети за сите домашни натпревари од Лигата на Европа. Истата ќе трае до недела, а од понеделник почнува продажбата на индивидуални влезници, само за натпреварот со Зенит Санкт Петербург. Купете влезница и дојдете, заедно да ја пишуваме историјата. 

Сите информации околу влезниците, местата на нивна продажба, на следниот ЛИНК.