Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ОДЛИЧЕН МАРКЕТИНГ! Иста сезонска карта за ФК,РК и ЖРК и можност сезонска за само еден клуб тим
ОДЛИЧЕН МАРКЕТИНГ! Иста сезонска карта за ФК,РК и ЖРК и можност сезонска за само еден  клуб тим

ОДЛИЧЕН МАРКЕТИНГ! Иста сезонска карта за ФК,РК и ЖРК и можност сезонска за само еден клуб тим

Конечно нешто што може да се опише како ОДЛИЧЕН МАРКЕТИНГ ПОТЕГ на црвено-црните. Се нуди сезонска со која ќе може да се следат мечевите на фудбалскиот и двата ракометни клуба во сите натпреварувања, домашни и меѓународни со само еден сезонски билет. Нормално останува можноста како и досега да се земе сезонска за ракометниот машки и женски тим, а од годинава можност повторно да се купи сезонска за фудбалскиот тим. Добар потег плус е и дека со секој купен сезонски билет ќе можат да добијат дрес од ФК Вардар или РК Вардар по цена од 1.299 денари или пак маичка по цена од 399 денари. Во продолжение целосната информација околу сезонските билети од клубот:

Приоритетна продажба на сезонски билети ќе се биде во периодот од 08.08.2016 – 21.08.2016

Регуларна продажба на сезонски билети ќе биде во периодот од 22.08.2016 – 11.09.2016

Истата ќе се врши на билетарницата во СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот. Повеќе информации може да се добијат и на:
Е-маил: info@ticketplus.mk
тел. + 389 2 2400 075
тел: + 389 2 401 980

Информација за цените за секој пакет на сезонски билети

1. РК Вардар сезонска
– 2.200 МКД за трибинскиот простор
– 2.550 МКД за новите А блокови
* Овозможен е влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите
– сите натпревари на домашен терен од СЕХА Лигата
– сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига
– сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

2. ФК Вардар сезонска – 1.200 МКД
*Овозможен е влез на:
– Сите натпревари на домашен терен од ПМФЛ
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

3. ЖРК Вардар сезонска
– 600 МКД за трибинскиот простор
– 900 МКД за новите А блокови
*Овозможен е влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите
– Сите натпревари од главната фаза од Лигата на Шампионите
– Сите натпревари на домашен терен од Македонската лига
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ

4. ВАРДАР ПАСС
– 2.600 МКД за трибинскиот простор
– 2.950 МКД за новите А блокови
*Овозможен е влез на:
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од СЕХА Лигата (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ (РК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од ПМФЛ (ФК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Куп Натпреварувањето на РМ (ФК ВАРДАР)
– Сите натпревари од групната фаза од Лигата на Шампионите (ЖРК ВАРДАР)
– Сите натпревари од главната фаза од Лигата на Шампионите (ЖРК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Македонската Лига (ЖРК ВАРДАР)
– Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето на РМ (ЖРК ВАРДАР)

Датуми на продажба:

1. Приоритетна продажба на сезонски
* 08.08.2016 – 21.08.2016
– Со додавањето на новите трибини во СЦ Јане Сандански, самиот центар нема веќе ист изглед и ги нема истите трибини.
РК Вардар им дава на своите најверни фанови кои имале сезонски билети мината година да дојдат на билетарницата на СЦ Јане Сандански и први да купат еден од понудените сезонските билети.
РК Вардар не гарантира дека фановите ќе можат да го купат истото место од минатата сезона, туку само им дава предност да го купат своето место за наредната сезона пред останатите фанови.

2. Регуларна продажба на сезонски
* 22.08.2016 – 11.09.2016

3. Регуларна продажба на билети за првиот натпревари РК Вардар – Мешков Брест
12.09.2016 до денот на натпреварот

Напомена:
Со секој купен сезонски билет нашите фанови ќе можат да добијат дрес од ФК или РК Вардар по цена од 1.299 МКД или пак маица по цена од 399 МКД.