Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери и пионерите на Вардар триумфално денеска
Помладите пионери и пионерите на Вардар триумфално денеска

Помладите пионери и пионерите на Вардар триумфално денеска

Помладите пионери и пионерите на Вардар одиграа одлично денеска и заслужено запишаа гостински победи против тимот на Шкупи. Помладите пионери победија со резултат 0:1, а пак пионерите  донесоа победа од 1:3.

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давков, Стојчевски, Мирков, Ѓорѓиевски, Живков, Трпезановски, Алими, Прелоговски. Во игра влегоа уште и В.Стојановски, Андрески, Марковски, Давидовски.

Првото полувреме мина без голови на двете страни. Вардар ја имаше иницијативата а и домаќинот имаше свои шанси, но мрежите мируваа по првите 45. минути. Во вториот дел со прекрасниот гол на Мирков од слободен удар Вардар дојде до предност од 0:1. На крајот овој резултат беше и конечен, па така Вардар запиша три бода.

Пионерите на Вардар пак, одиграа одлично ефикасно прво полувреме денеска. Се играше 20. минута а Речица Харбин стрелаше прецизно за отворање на резултатот. Веќе во 30. минута по нафрлена топка Крстевски Виктор стрелаше прецизно за веќе 0:2. Имаше и трет гол во првиот дел, во 40. минута по одлична акција на Игнатов, стрелаше прецизно и Омерагиќ за убедливи 0:3. Во првиот дел домаќинот успеа само да го ублажи негативниот резултат и да постигне гол. Во вториот дел Вардар рутински играше, па така со резултатот од првиот дел 1:3, заврши денешниот дуел и Вардар запиша три бода со кој се искачи на врвот.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Петејчук, Асани, Крстевски, Ѓурковски, Величковиќ, Гугуљанов, Андоновски, Речица, Омерагиќ и Игнатов. Влегоа: Салиу, Хасани и Симев.