Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата “2007“ тргна со две победи на турнирот во Белград, додека генерација 2008 имаше два порази и еден нерешен резултат
Генерацијата “2007“ тргна со две победи на турнирот во Белград, додека генерација 2008 имаше два порази и еден нерешен резултат

Генерацијата “2007“ тргна со две победи на турнирот во Белград, додека генерација 2008 имаше два порази и еден нерешен резултат

Во соседна Србија на голем меѓународен турнир учествуаат три млади генерации на фудбалскиот клуб Вардар. Денес две вардарови генерации, родени 2007 предводена од Зоран Петковски и генерацијата 2008 година предводена од Павел Неделковски ги одиграа своите натпревари.

Најмладите вардарци од генерацијата родени 2008 година кои настапуваат на турнирот во Нови Сад одигра три меча. Од нив одиграа еден реми и забележаа два порази. Во првиот дуел утрово младите црвено-црни надежи играа против Раднички Сомбор каде беа поразени минимално со 1:2. Во вториот дуел потоа со екипата на Меридијана Нови Сад беа поразени со 1:4, во третиот дуел дојдоа до реми со резултат 0-0 против тимот на Банатул Темишвар.

ФК Вардар генерација родени 2007 година која учествува на турнир во Белград, денес одиграа два натпревари. Тимот предводен од Петковски Зоран на првиот меч триумфираше убедливо со репрезентацијата на Стара Пазова. Нашите момци на крајот победија со убедливи 6:0. Хет трик на овој меч постигна Александар Грашески, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа, Борјан Томовски, Петар Мицевски и Марко Киш. Нашите млади надежи одиграа уште еде н одличен натпревар и во второто коло против екипата на ПОФК Петар Пуача, која ја совладаа со резултат 5:1. Тука головите ги постигнаа Борјан Томовски (2), Емир Шаботиќ, Злате Радевски и Димитар Фидановски.

Третиот тим кој игра во Србија, ФК Вардар генерација 2003 вечерва во 19:20 часот игра против репрезентација на Република Српска. Тимот на Томче Трајановски настапува на турнир во Нови Сад.
Edit