Иако известивме дека во сабота ќе се одигра првото коло кај кадетите и младинците, истото е одложено за наредниот викенд. Така новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории ќе стартува на 1.септември. Стартот на сезоната кај генерациите родени “2002“ и “2003„ година е одложен, поради обврски на играчите со националната селекција до 17 години, која се наоѓа во Малта.
Што се однесува до генерациите родени “2004„ и “2005 на Вардар„ година, во првото коло ќе играме против Академијата на ФФМ. Овие мечеви ќе бидат ревијални, односно не се бодуваат. Истите се закажани да се одиграат во петок на терените на ФФМ.