ФФМ му излезе во пресрет на Вардар и го одложи првиот натпревар од Куп пресметката помеѓу Вардар и Шкупи кој требаше да се одигра на 13 овој месец.
Натпреварот се одложува поради фактот што Вардарци на 14-ти овој месец ќе го пречекаат тимот на руски Зенит во првото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Кога ќе биде одигран овој прв натпревар сеуште не е познато.
Инаку, Вардар го доби Шкупи за противник во 1/8 финалето од Купот на Македонија.