По вчерашните немили настани беше одложени сите три дуели од плеј-офот во Првата Македонска фудбалска лига помеѓу нив и дуелот на црвено-црните со Шкендија кој првично беше закажан за денес 16-30 часот баш во Куманово на Стадионот на Башкими . Новиот термин на одигрување на второто коло од плеј-офот ќе се одигра во вторник 12ти Мај во 16-30часот на стадионот во Кичево. Во исти термин ќе се одиграат и другите два меча од плеј-офф сегментот на Македонската лига.
И ракометарите на Вардар денес нема да настапуваат во овој ден на жалост во нивниот Плеј-офф поточно во петото коло бидејќи дуелот е одложен . Тие требаше да гостуваат кај тимот на РК Радовиш мечот беше закажан за 17-00 часот , но стигна одлука од ракометната Федерација на земјава дека се одложува овој дуел. Новиот термин и за овој меч е вторник.
Денеска покрај низа други одкажани манифестации беше одкажан и Скопскиот Маратон на кој требаше да земе учество на најголгата патека од 42 километри и членот на АК Вардар Завировски. На истиот требаше да земат учество 7500 учесници во сите четири категории, но сепак денес дел од нив истрчаа самоиницијативно во чест на починатите и со порака за мир десетина километри одавајќи почит на жртвите со едно минутно молчење . Новиот термин на маратонот не е познат сеуште .