Во историјата на женскиот клуб Вардар се испиша уште еден позитивен белег, нашиот женски тим го освои одличното 3-то место во Европа, втора година по ред.
По разочарувачкото вчерашно полуфинале, избраничките на Инди и Питлик одиграа солиден меч, кој на крај го добија со два гола разлика, за огромен успех, и запечатување на уште една добра сезона во историјата на женскиот ракомет.
Како и вообичаено натпреварот се одвиваше израмнето, со предност од еден , до два гола максимална разлика за двете екипи, на полувремето нашиот тим имаше предност од +1 со голот на Черноиваненко во последната секунда од првиот дел.
Во второто полувреме се играше гол за гол, нашиот тим го диктираше темпото, а Динамо бркаше минимална разлика, можеби клучниот потег беше направен во 45 минута, кога една од најдобрите играчи на Динамо, Акопјан направи остар старт врз Пенезиќ, која доби директен црвен картон.
Потоа играта на Динамо се одвиваше потешко, а нашиот тим тоа добро го искористи.
Загрижувачки податок беше тоа што и на денешниот натпревар имавме над 17 технички грешки, што е премногу. Најефикасна беше Пенезиќ, која воедно стана и најдобар стрелец во Л,Ш со над 100 погодоци.
Честитки за Пенезиќ
Честитки за ЖРК Вардар, и стручниот штаб, за ова 3-то место!