Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Дин Аломеровиќ: Доминиравме во натпреварот

Дин Аломеровиќ: Доминиравме во натпреварот

Младинците на Вардар вчера го одиграа 17 коло во рамките на националното првенство. Беше забележана победа, против екипата на Ренова на домашен терен со резултат 2:0. Двата гола ги постигна Дин Аломеровиќ. Ова е втора победа во низа за црвено-црните, каде до крајот на сезоната ќе атакуваат на што повисоко место на табелата.

vardarfans din

-Се спремавме многу за овој натпревар со Ренова и морам да кажам дека очекував многу повеќе од нив. Мислев дека ќе биде потежок меч, бидејќи се наоѓаат на четвртото место на табелата. Вардар доминираше во играта и во поседот на топка. Противникот не создаде ни една шанса или удар кон нашиот гол. Честитки до целата екипа, посебно во одбраната каде одиграа еден маестрален натпревар без ниедна грешка. Очекувам до крајот на сезоната да бележиме добри резултати и да се искачиме кон врвот, каде и припаѓаме, изјави стрелецот на двата погодоци, Дин Аломеровиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски