Заврши и оваа сезона во ракометната Лига на Шампиони, во женска конкуренција. Европа доби нов ракометен владател, тоа е екипата на Будуќност од Црна Гора, која во финалето успеаа да го надигра Норвешкиот Ларвик. Нашите девојки втора година по ред го освојуваат утешното трето место. Денес во борбата за бронза, бевме подобри од тимот на Динамо Динара со резултат 26:28.
Уште едно големо признание им припадна на Вардарки. Нашиот најдобар играч оваа сезона, Андреа Пенезиќ го подели првото место за најдобар стрелец во ЛШ, заедно со Неагу од Будуќност. Двете на крајот завршија со идентични 102 постигнати голови. Ова е и најдобра сезона за Пенезиќ во нејзината кариера. Уште неколку наши ракометарки се најдоа во листата на ТОП 50 стрелци во ЛШ. Лекиќ се најде на 19 место, со вкупно 58 погодоци, еден помалку односно 57 имаше Радичевиќ. Најдоброто лево крило за оваа сезона, Дембеле зад своето име впиша 45 голови. Листата ја заокружува Лазовиќ која постигна 35 голови.