Викендов во Радовиш град кој пред две децании имаше свој Европски и Светски клубски шампион , град во кој борењето е многу ценет спорт се одржа 39-тиот турнир во борење “Македонски Бисер“ . На истиот земаа учество преставници од седум земји со 26 борачи. Признанието за најдобар борач на турнирот го доби нашиот вардарец младиот Македонски репрезенативец Халил Зубаиров .
Халил под будното око на шефот на стручниот штаб на БК Вардар професорот Љубиша Пешко дојде до победа во својата категорија до 86 килограми во слободен стил. Прекрасните борби и перформансите кој ги прикажа црвено-црниот борач беа повеќе од доволни да го добие и главното признание на турнирот за најдобар борач на истиот- “Македонски Бисер“ . Бронзениот од последното Европско У-23 во Полска покажа дека е во форма со победите од 9-2 и 10-0 со технички туш во пресред на Првите Европски олимписки игри во Баку-Азербеџан кој се вистинска шанса и тест да се покаже класата и квалитетот на Халил.