Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ!!! Бронзениот од Полска-Зубаиров со настап на “Македонски Бисер“

БОРЕЊЕ!!! Бронзениот од Полска-Зубаиров со настап на “Македонски Бисер“

На 9ти овој месец во Радовиш во салата 25ти Мај ќе се одржи 39тиот меѓународен турнир во борење слободен стил “Македонски Бисер“ . На него ќе земат учество борачи кој се репрезенативци на Белорусија, Србија, Косово, Словачка, Босна и Херцеговина а се очекува да има борачи и од Турција ,Албанија , Италија ..

На овој силен турнир ќе настапи нашиот Вардарец “бронзениот“ Зубаиров . Тој претходно беше на подготовки од 20 Април до 5ти Мај во “ COP Makhackhala “ со тренерот Гајдар Гајдаров заедно со Дагенстанската репрезенација . По “Македонски Бисер“ доколку нашиот црвено-црн борач не учествува на турнирот “Олимпија“ во Атина се враќа назад да го одработи зацртаниот план и програма за Баку на Првите  Олимписките игри.

Нашиот борач Тимур Хамикоев кој освои сребро на силниот турнир во Москва (види)  . Остана во Москва во олимписките резеви да тренира со Рускиот Олимписки тим. Вардарци сериозно си ги сватија својте планови и задачи за остварување на врвни резултати .