Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Пенезиќ: Кога стигнавме до тука, мислите само како да го подигнете трофејот

Андреа Пенезиќ: Кога стигнавме до тука, мислите само како да го подигнете трофејот

Полека влагаме во завршницата на ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција. Викендов ќе се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Најдобриот стрелец на црвено-црните Андреа Пенезиќ во изјава за сајтот на ЕХФ ги споделува очекувањата за 1/2 дуел со Будуќност.

-Кога ќе стигнете до тука, мислите само на тоа како да го подигнете трофејот. Не очекува тежок меч против екипата на Будуќност и мораме да бидеме максимално фокусирани. Имаме многу квалитетни играчи, кои се извонредни индивидуалци. Меѓутоа за победа на овој меч, ќе биде потребно да одиграме како тим. Што се однесува за Будуќност, ги познаваме одлично. Играат феноменална одбрана и се едни од фаворитите за освојување на Лигата на Шампионите. Мислам дека овој пат можеме да ги совладаме. Секого можеме да  победиме, па и тимот на Будуќност. Триумфот против Ѓер не натера да размислуваме во тој правец и повеќе да веруваме во себе, изјави Пенезиќ за сајтот на ЕХФ.