Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Играч(и) на мечот Пачовски-Асани !!!

Играч(и) на мечот Пачовски-Асани !!!

Заврши градското дерби со резултатска симетрија 2-2 по него остана и разликата помеѓу црвено-црните и романтичарите повторно на шест бода на само три кола до крајот . На Вардар за промоција во шампион му требаат само три бода од трите следни мечеви . Втората шанса е веќе во недела во Куманово кај Шкендија мечот е закажан за 16-30 часот , пренос од натпреварот ќе може да се проследи на МТВ -Собраниски канал.

Вчерашното Скопско дерби во редовите на црвено-црните го одбележаа неколку играчи кој со својот придонес дадоа најмногу во овој меч . Неблагодарно би било да одбереме еден помеѓу Асани и Пачовски . Според вардарфанс.мк овие двајца момци се играчи на мечот. Исто така треба да се потенцира и прекрасниот одигран меч на најмладиот Петковски кој покажа дека има квалитет за сениорскиот состав на црвено-црните.

Томе Пачовски- И ако беше совладан два пати неговите одбрани беа злато вредни . Во првиот дел не дозволи Работнички да се одлепи на 2-0 резултат кој најверојатно ќе беше кобен на полувреме и ќе ги намалеше шансите за позитивен исход. Во вториот дел Томе со својте сигурни инервенции овозможи да се одржи разликата на табелата на плус шест. Пачовски покажа репрезенативна форма одлични одбрани по ударите на Чума Анене и Алтипармаковски и другите обиди на играчите на црвено-белиот учесник во градското Скопско дерби.

Јасир Асани- Не беше стартер шефот на стручниот штаб Сергеј Андреев одлучи младиот Асани мечот да го почне од клупата за резервни играчи . Но веќе рано по повредата на Хамбарџумјан веќе во десетата минута се најде Асани на тревникот на нашата Арена Филип Втори. Неговото влегување се покажа како одлично за црвено-црните бидејќи стрелаше двапати во вториот дел . Во 55 минута со глава по асистенција на другиот млад играч Петковски изедначи на 1-1 .Дваесетина минути подоцна по една добра топка на Грозданоски од втор обид постигна гол за водство и во тој момент Вардар беше на чекор до титулата . Покрај двата гола големата борбеност го красеше младиот Асани кој имаше и уште неколку обиди за постигнување на погодок. Асани во изјава за вардарфанс.мк пред извесно време кажа дека дава 100% бидејќи Вардар му е во срцето.(изјавата погледнија тука)