Во Скопје се одигра градското дерби помеѓу Вардар и Работнички тоа заврши без победник 2-2(0-1) . Вардар не ја искористи првата “меч топка“ за титулата , но останува на цели 6 бода предост пред Работнички на само три кола пред крајот на ПМФЛ.
Почетокот на мечот почна анемично особено за црвено-црните многу прекини лекарски интервенции повеќе прекини од колку фудбал на Арената Филип Втори. Работнички се закани прв со обид за лоб но среќата беше на страна на црвено-црните и топката заврши во гол аут. Првиот пех за Андреев дојде уште во 6-7 минута кога мораше да го менува Хамбарџумјан поради повреда и во мечот рано влегува нов играч Асани кој како ќе се покаже како одличен за понатамошниот тек на мечот. Пачовски беше единствен кој беше на ниво на задачата во овој дел од дуелот кога се редеа шанси пред нашиот гол. Во овој дел од мечот немавме ниеден директен удар во рамките на голот на Рамантичарите. Но во 25 минута студен туш за вардарци Чума Анене влегува во шеснаестерцот и го совладува Пачовски. Невољите не престануваат втора принудна измена Љамчевски влегува на место на повредениот Најдоски Дино. Вардар со минимална негатива замина на полувреме затоа што на голот го имаше Пачовски кој одбрани две 100% шанси на Чума Анене и Алтипармаковски. Паузата на полувремето беше вистинска шанса да се смени нешто кај нас.
Пачовски го отвара со одбрана кога сите веќе ја видоа топката во голот. На сцена стапува младиот Асани кој по асистенција на најмладиот на теренот П.Петковски постигнува гол за 1-1 во 55 минута од мечот. По две шанси во продолжението на двете страни но без успех Асани и Петковски пробаа но не успеаа да погодат за црвено-црните. И повторно Асани стапува на сцена со неговиот втор гол по подавањето од Грозданоски од втор обид стрела за 2-1 во во 75 минута. И полека сите очекуваа Вардар да го задржи водството , Асани проба да даде трет гол но за жал по еден корнер за гостите повторно Чума Анене изедначи во 82 минута. Во продолжение Томе Пачовски покажа зашто е дојден во Скопје брилија на црвено-црниот гол. Дефинитивно човек на мечот кај Вардар па и може да кажеме и на целиот меч.