Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите со победа го финишираа првенството

Пионерите со победа го финишираа првенството

Пионерите на Рк Вардар завршија со настапите во првенството за оваа натпреварувачка сезона. Во последното коло успеаа да забележат голема победа , против екипата на Илинден Вардар. Избраниците на Горан Стојков се покажаа како многу поквалитетен противник, каде и на полувремето имаа предност. На пауза се замина со резултат 13:9. Во првиот дел гостинската екипа, некако одржуваше резултатска рамнотежа, иако нашите момчиња го имаа водството од самиот почеток. Во второто полувреме заиграа уште подобро, што резултираше се постојано зголемување на предноста. Конечниот резултат гласеше 25:14. Повторно најефикасен играч беше Александар Стојчевски кој зад своето име впиша пет погодоци.

Мечот се играше во С.Р.Ц. Кале, пред околу 100-тина гледачи.

Рк Вардар: Кизиќ, Петковски, Босилковски 2, Стојчевски 5, Антевски 3, Овнарски 3, Јаховиќ 1, Каранфиловски 2, Николовски 1, Мишевски, 2, Блажевски, Мицановски 2, Ангелковски, Тевдовски, Бабамов 1, Николовски 3.