Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Асани за Вардарфанс: Вардар ми е во срцето затоа секогаш давам максимум и борбеност на теренот
Асани за Вардарфанс: Вардар ми е во срцето затоа секогаш давам максимум и борбеност на теренот

Асани за Вардарфанс: Вардар ми е во срцето затоа секогаш давам максимум и борбеност на теренот

Младиот фудбалер на Вардар, Јасир Асани вчера беше дел од големата победа над Работнички . Тој при постигнувањето на вториот победоносен гол со асистенција го пронајде искусниот Блажевски на кој не му беше тешко да ја запечати судбината на Романтичарите. Во изјава за нашиот сајт ги споделува впечатоците од овој значаен дуел :

  • На вчерашниот меч цел тим игравме борбено и  играта беше на високо ниво од сите играчи на теренот. Желбата да го победиме Работнички беше голема и сум задоволен од остварениот резултат. Уште од првата минута почнавме борбено, така и дојде до победа од 2-0 со дирекниот конкурент. Лично сум многу среќен за победата, се надевам и очекувам да ја освоиме титулата, сепак имаме еден многу јак тим.

Го запрашавме младиот Македонски репрезенативец и член на црвено-црните избраници на Андреев колку е значајна вчерашната победа за крајната цел титулата во првенството.

  • По овој меч сме сега на комотни  шест бода предност во однос на Работнички. Ќе даваме до крајот на првенството максимум на секој натпревар, се со цел да ја освоиме толку посакуваната шампионска титула за Вардар. Посакувам на крајот и се надевам дека ќе бидеме шампиони.
vardarfans radost

Радоста по голот за 2-0 Асистент Асани стрелец на голот Шиле !!!

 

Асани е Вардарово дете кое од младите категории се промовираше во првиот тим кај Андреев , го краси желба и борбеност на мечевите го прашавме колкава е желбата негова за докажување во црвен-црниот Вардаров дрес .

  • Јас на секоја утакмица за Вардар влегувам со 100 проценти мотивираност за да однесам победа со мојата екипа од мечот. Во секој меч внесувам пред се многу борбеност се со цел трофеот да биде наш и ќе го оставам срцето на терен за таа Вардарова титула . Сакам на крај од сезонава сите да славиме целот клуб ,публика сите заедно да прославиме . И за крај велам ВАРДАР СЕКОГАШ МИ Е ВО СРЦЕТО! –   Заврши Асани за Вардарфанс.мк

Михајло Тушевски