Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Струмички предизвик, за младите категории на ФК Вардар
Струмички предизвик, за младите категории на ФК Вардар

Струмички предизвик, за младите категории на ФК Вардар

Поради првомајските празници, 16 коло во првенството на младите генерации ќе се одигра во четврток. Противник на сите Вардарови категории, е екипата на Академија Пандев од Струмица.

-Помладите пионери гостуваат во Струмица на оваа екипа. Мечот ќе се одигра со почеток од 11 часот. Првиот дуел одигран во Скопје, во есенскиот дел заврши со победа на Вардар од 3:1. Оваа генерација е во голема и неизвесна борба за титулата со екипите на Шкупи и Шкендија. Имаме еден бод помалку од Шкупи, а два бода повеќе Тетовска Шкендија. Секако овој меч има големо значење за нашиот тим. Се надеваме на победа на гостувањето од Струмица.

-Пионерите ќе се обидат да ја прекинат лошата серија, токму на ова гостување. Во пролетниот дел избраниците на Ане Андоновски сеуште немаат забележано победа. Три нерешени резултати и еден пораз е нивниот ефект во вториот дел од сезоната. На првиот натпревар одигран на теренот на Локомотива, противникот беше подобар со резултат 0:1. Утрешниот натпревар е предвиден да започне од 13 часот.

-После поразот од тимот на Металург во минатото коло, кадетите ќе се обидат да ја вратат победничката серија. Тоа беше прв неуспех оваа сезона, за избраниците на Љупчо Марковски, кои сеуште се на врвот со шест бода предност, пред второпласираниот тим од Железара. Мечот е закажан да започне од 11 часот, на теренот на Локомотива. Двете екипи во есенскот дел ги поделија бодовите, одигрувајќи 1:1.

Свој натпревар во ова коло, играат и младинците кои исто така ќе се обидат да ја прекинат лошата серија на без победа. Мечот ќе се одигра на Локомотива со почеток од 13 часот. На првиот дуел одигран во Струмица, црвено-црните беа поразени со резултат 2:1. Тогаш стрелец на голот беше Стефан Георгиевски.

Фото: ТК Медиа