Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одлична партија на Диви, Стоилов, и останатите
Одлична партија на Диви, Стоилов, и останатите

Одлична партија на Диви, Стоилов, и останатите

Иако Македонија загуби од Светскиот првак Франција со 25:27 сепак во одлично светло се покажаа нашите момци во текот на сите 60 минути. Натпреварот беше неизвесен до последната минута, по една несреќна топка и гол, од никаде Франција го доби овој натпревар, но не треба да бидеме разочарани ова е игра која ветува, игра против најдобрата репрезентација во светот, на едно одлично ниво, со борба до последните атоми на силите.

Нашите Вардарци одиграаа одличен натпревар. На голов Петар Ангелов – Диви имаше одлични 11 одбрани, откако го замени првиот голман на нашата репрезентација Борко Ристовски. Исто така и Столе Стоилов имаше одлична партија на пивотменската позиција огромна борба водеше со браќата Карабатиќ, Столе успеа да постигне 4 погодоци. Исто така на овој натпревар настапија и Ф. Лазаров, Прибак, и новопечениот Вардарец од лето Дејан Манасков кој постигна 5 погодоци.

Одлична игра на Македонската репрезентација, браво јунаци на Македонија, горди сме на вас!