Поради репрезентативни обврски, ракометарите на Вардар своите настапи во Супер-лигата ги продолжуваат на 9 или 10-ти мај. Во овој период е планирано да се одигра натпревар на гостински терен со екипата на Радовиш. Вардарци моментално се наоѓаат на првото место на табелата, со вкупно четири победи од исто толку одиграни натпревари. Тимот од Радовиш има забележано само една победа и три порази.
Ние веќе одигравме со двата “главни“ конкуренти за освојување на Шампионската титула. Во Струмица, високо ја победивме екипата на Зомимак, а на домашен терен во С.Ц. Јане Сандански забележавме исто така висок триумф против Металург. На 16 и 17-ти мај исто така се игра завршницата во купот на Македонија. Во полуфиналето противник е екипата на Зомимак. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Металург-Пролет. Домаќин на купот ќе биде Спортскиот центар Јане Сандански.
Македонската репрезентација ја очекува дуел со Француската репрезентација, каде за пет дена ќе одиграме два натпревари. Првиот меч е на програмата вечер со почеток од 20:15 во Б.Трајковски. Вториот дуел ќе се игра на 3-ти мај, кој ќе започне во 17:05