Во заостанатиот меч од 2-то коло во Супер Лигата во Струмица екипата на Зомимак го пречека нашиот Вардар. Помалку чудно, овој натпревар не се одигра во големата сала на Зомимак во Струмица, туку се одигра во училишна сала со капацитет од 500 места.
Уште на самиот старт Вардар покажа и им даде јасна порака на играчите на Зомимак и на навивачите дека нема што да бараат на овој меч, разликата во класа беше евидентна.
Уште на почетокот нашиот тим направи серија, па и да не дозволи противникот да се радува барем на еден гол предност на стартот, по првиот дел вардарци играа во скоро стандарден состав.
Многу атракции, повеќе пати нашите момци се обидуваа да направат цепелини, атракции, но неуспеаа. Во одбраната се играше немотивирано, без многу борба. На полувреме беше 14:20
Исто така еден интересен момент се случи, кога голманот на Зомимак од гол на гол го матираше Штербик, овој момент ќе го памети целиот негов живот.
Во вториот дел тренерот Гонзалез ги измеша картите, на голот застана Диви, и неколку други промени.
Лесно убедливо, очекувано Вардар го надигра тимот на Зомимак, и покажа дека оваа сезона нема што да бараат во дуелите со Вардар.
Зомимак – ВАРДАР 27:38
Фото: rkvardar.mk