Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар како во “ревијален натпревар“ го победи Металург
Вардар како во “ревијален натпревар“ го победи Металург

Вардар како во “ревијален натпревар“ го победи Металург

Само 20 минути, тимот од Автокоманда беше рамноправен противник на денешниот натпревар. Црвено-црните забележаа убедлива победа со резултат 26:18  и полека го најавија освојувањето на Шампионската титула.

Екипата на Металург солидно се држеше до првото полувреме, дури и на моменти имаа водство. Тоскиќ со погодок го отвори мечот, но сините успеваа во два наврати да поведат со гоолови на Џукиќ и Стојановиќ. Вардарци полека почнаа да го кршат резултатот и да ја преземаат играта во свои раце. Иако имаа неколку избразани напади и промашени удари, полека но сигурно ја зголемувавме предноста. Во 15 минута со голот на Душебаев поведуваме со 8:6. Штербик не го почна добро мечот на голот, па негова замена беше Ангелов кој беше солиден на голот.  Капитенот Лазаров е наш најдобар играч во првиот дел, со неговите два погодоци во серија од кои еден беше атрактивен, за прв пат поведовме со четири гола разлика. На полувреме се заминува со резултат 14:9 во наша корист.

vardarfans komiti

Вториот дел, Вардарци го започнаа фуриозно со серија на погодоци. Ангелов е одличен на голот, и веќе зад своето име запиша девет успешни интервенции. Стефан Терзиќ го заменува Душебаев на позицијата десен бек, па со неговиот гол за прв пат имаме плус осум гола 18:10 во 37 минута. Гостите вратија со два гола во серија, за намалување на негативата. Следуваше период на многу грешки на двете страни без постигнување на погодок. Металург ја прекина таа лоша серија погодувајќи за 19:13. Врати Прибак на другата страна. Во наредните пет минути се играше гол за гол на двете страни, во кој Вардар ја одржуваше таа разлика од 6-7 голови. Прибак ги постави конечните 26:18 на овој дуел.