Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Александар Георгиевски: Задоволен сум од тоа како изиграв
Александар Георгиевски: Задоволен сум од тоа како изиграв

Александар Георгиевски: Задоволен сум од тоа како изиграв

ФК Вардар У 16 забележа нова победа во рамките на националното првенство. Совладана беше екипата на Металург со резултат 2:0 (1:0) . Александар Георгевски и Марко Ѓоргиевски беа стрелци на погодоците. Со овој триумф црвено-црните остануваат во отворена битка за првото место, со екипите на Шкупи и Шкендија кое ова коло играат меѓусебно.

-Одигравме одличен натпревар со многу шанси уште од почетокот. Постигнавме гол уште на самиот почеток на мечот. Задоволен сум од тоа како изиграв, со оглед дека го постигнав мојот втор гол оваа сезона. Сега мислите се насочени кон следниот меч, одиме натпревар по натпревар во борбата за титула. Мислам дека имаме големи шанси оваа сезона да ја освоиме двојната круна, изјави Александар Георгиевски за Вардарфанс.

Звонко Ивановски