Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Важна победа за помладите пионери, во борбата за титула
Важна победа за помладите пионери, во борбата за титула

Важна победа за помладите пионери, во борбата за титула

Денес на теренот на Локомотива, помладите пионери на Вардар забележаа многу значајна победа во борбата за Шампионската титула во првенството. Совладана беше екипата на Металург со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Марко Ѓоргиевски и Александар Георгиевски.

Целосна доминација на Вардаровите фудбалери, кои и по првото полувреме имаа предност од 1:0. Противникот ниту еднаш посериозно не се закани кон нашиот гол. Со смирена и офанзивна игра, избраниците на Сашо Тодоровски успеаа да остварат триумф на овој дуел. Оваа генерација моментално се наоѓа на првото место на табелата, се до одгрувањето на натпреварот помеѓу прво и второпласираните екипи на Шкупи и Шкендија.

Во следното коло, не очекува гостување против екипата на Академија Пандев.