После 14 првенствени натпревари без пораз, избраниците на Љупчо Марковски го доживеаа првиот неуспех оваа сезона. На теренот во Н.Илинден денес се играше дербито помеѓу кадетските екипи на Металург и Вардар, во кое противникот забележа минимална победа.Конечниот резултат беше 1:0, голот беше дело на капитенот на Металург, Виктор Стојковски.
По првото полувреме резултатот беше 0:0. Црвено-црните имаа неколку одлични шанси да ја затресат противничката мрежа, но не се снајдоа добро во завршниот удар. Казната стигна на спротивната страна. При еден слободен удар од околу 30 метри, со прекрасен удар капитенот Стојковски ја затресе мрежата на Вардар, што беше и конечен резултат на овој натпревар. Со оваа победа тимот од Железара ја намали бодовната разлика на шест бода негатива, пред првопласираниот тим на Вардар. Можеби овој пораз е мала лекција за понатата за црвено-црните, иако имаат солидна предност пред конкурентот, која тешко е за верување дека може да се стигне.
Црвено-црните веќе одиграа со Работнички и Металург, им преостануваат уште два посилни мечеви до крајот на сезоната. Веќе следното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на А. Пандев која ни одзема бод во првиот дел од сезоната. И во последното коло гостуваме на Шкендија. Тоа се единствените тимови кои можа да ги замрсат сметките на нашиот тим. Се другото не би требало да преставува никаков проблем за оваа генерација која е убедливо најдобра.
Фото: ТК Медиа