Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Најдобрата генерација на ФК Вардар кадетите итаат кон титулата , денес го победија Работнички 2-0
Најдобрата генерација на ФК Вардар кадетите итаат кон титулата , денес го победија Работнички 2-0

Најдобрата генерација на ФК Вардар кадетите итаат кон титулата , денес го победија Работнички 2-0

По пласманот во куп финалето кадетите на ФК Вардар итаат кон титулата во првенството , денеска ги победија својте врсници од тимот на ФК Работнички со резултат 2-0 (1-0). Оваа генерација предводена од поранешниот Вардаров капитен Љупчо Марковски-Калц е многу блиску до освојувањето на двојната круна во својата категорија.

Денес се одигра прекрасен натпревар со надигрување помеѓу две екипи млади и полетни фудбалери црвено-црните кадети поведоа уште во првата минута со голот на Борјан Тодоровскиод корнер. До крајот на првиот дел Вардаровите фудбалери имаа удар од 11 метра но не успеаа да го реализираат . И тимот на Работнички се закани до крајот на првиот дел но сепак на полувреме се отиде со резултатот од првата минута. На почетокот на вториот дел во првите пет минути Вардаровите кадети беа решени да го освојат целиот плен на мечот и тргнаа да го осигураат водството. Тоа му успеа на Виктор Димков кој искористувајќија грешката на голманот на “романтичарите“ зголеми на конечните 2-0 . До крај на мечот се играше на средината на теренот со мали и ретки возбудувања пред головите.