Вардаровата експедиција вчера вечерта пристигна во Полска, каде во недела ќе го одигра реванш дуелот од четврт-финалето против екипата на Киелце. Црвено-црните ќе бидат сместени во хотелот ,Тичови млин, каде ќе престојуваат се до одигрување на дуелот. За денес е предвиден тренинг во салата во која ќе се одигра овој многу важен за нас натпревар. Избраниците на Раул Гонзалес се подготвени да дадат се од себе и да ги изнесат последните атоми од силата, за да направат голем пресврт и да се пласираат за прв пат во историјата на Македонскиот ракомет на еден завршен турнир во најголемото натпреварување.
Минатата сезона среќата ни го сврте грбот, зошто да не биде спротивно во недела кога ќе истрчаме на теренот на Полскиот првак. Целата екипа верува во подвиг и ветуваат дека ќе го дадат својот максиум на овој дуел. Нека се повтори за нас, добро познатото сценарио од Хамбург, кога го елиминиравме тогашниот Европски правак. Мечот со Киелце се игра во недела со почеток од 15:30 часот.
Фото:Рквардар мк.