Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар не издржа до крај, со минус два гола во реваншот
Рк Вардар не издржа до крај, со минус два гола во реваншот

Рк Вардар не издржа до крај, со минус два гола во реваншот

Црвено-црните не успеаа да забележат победа во првиот 1/4 дуел во Скопје, против екипата на Киелце. Во еден тежок и пред се борбен натпревар, гостите од Полска имаа повеќе сила за финишот на мечот кога го скршија нашиот отпор.

Добро започна мечот за нас со головите на Душебаев и Карачиќ имавме водство од 2:о. Киелце својот прв гол го псотигнува во 6 минута. До крајот на првото полувреме следи израмнета игра на двата тима со менување на предноста. Штербик имаше добри одбрани, со голот на Карачиќ имаме два гола позитива од 7.5 во 16 минута. Гостите прават пресврт за да го преземат резултатот во своја корист. Сепак на полувреме се замина со нерешени 11:11.

Горбок го отвори вториот дел со погодок, псоле него и Лазаров за повторно да имаме два гола позитива. Полскиот првак чекаше на првиот погодок дури 12 минути. Стоилов донесува најголема предност во тие моменти 15:12 во 45 минута. Кога сите мислевме дека ќе ја зголемиме предноста, се случи голем резултатски пресврт и пад во нашата игра. За само 2 минути, гостите постигнуваат три гола и го израмнуваат резултатот. Тоа беше одлучувачкиот период за конечниот победник, Вардар не успеа да се врати повторно и да поведе. На два пати израмнуваше со головите на Стоилов и Брумен, но Киелце го зададе последниот удар. Од контра напади преку Чупиќ и Штрлек го решија конечниот победник на овој меч. Конечниот резултат гласеше 20:22.

Горбок постигна 5, Карачиќ и Стоилов додадоа по 4 голови. Реванш натпреварот во Полска е закажан за 19-ти април.

И на овој меч ја имаа големата поддршка од Комити, кои и покрај поразот останаа до крај да ги испратат своите миленици. Играчите се вратија од соблекувалната и заедно со своите најверни скандираа „И да изгубите нема да ве оставиме“ .