Вака девојките директно на теренот на Ѓер со “селфи“ го прославија големиот триумф и пласманот на Ф4. За една недела Вардарки на два пати успеаа да го надмудрат големиот противник и втора сезона по ред да се пласираат на завршниот турнир во Лигата на Шампионите.
Со тоа го симна од тронот Европскиот првак и закажа нов владател, кој сите ние се надеваме дека ќе биде токму нашиот тим. Вардар, Динамо Синара, Ларвик и најверојатно Будуќност ќе се борат за приматот Европски шампион.