Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Во реваншот мораме да играме подобро – Лазаров: Ќе се обидеме таму да победиме
Гонзалес: Во реваншот мораме да играме подобро – Лазаров: Ќе се обидеме таму да победиме

Гонзалес: Во реваншот мораме да играме подобро – Лазаров: Ќе се обидеме таму да победиме

Вчера заврши првата битка во двомечот со Киелце, но војната сепак не е завршена. Со оптимизам и шанса за подвиг сеуште се гледа во црвено-црниот табор. Тренерот Гонзалес најавува дека ќе се борат до последната минута.

-Имавме предност која не успеавме до крај да ја задржиме. Имавме и три гола позитива во второто полувреме, но тие имаа повеќе сила и снага до крајот на натпреварот. Во реваншот мораме да играме подобро, ако сакаме да се надеваме на триумф.. Сега ќе биде многу тешко на нивни терен, но ќе се обидеме да победиме, иако ќе биде многу тешко, изјави Гонзалес на прес конференцијата.

И нашиот капитен кој постигна два гола на овој дуел, најави дека има да се игра уште еден натпревар во кој ќе се обидат да извлечат поволен резултат.

-Честитки за победата на Киелце. Ова е само прво полувреме во овој двомеч. Тие се сега во предност, но нас останува да ги намачиме на нивни терен и да се обидеме да победиме. Натпреварот мораме да го поделиме на два дела, првите 45 минути и вторите 15 минути. За 45 мин. Примивме 12 гола што е за пофалба, но потоа уште 10 што е несфатливо за нашата игра, изјави Филип Лазаров на прес конференцијата после завршување на натпреварот.