Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуел на голманите: Штербик – Шего
Дуел на голманите: Штербик – Шего

Дуел на голманите: Штербик – Шего

Утрешниот меч ќе биде многу значаен за нашиот Вардар, доколку нашиот тим одигра одлично во одбраната ќе можеме да се надеваме на позитивен ефект од овој дуел.
На натпреварот во Скопје пред 7 дена голмани на двете страни беа Арпад Штербик, и Марин Шего.

Во нашиот тим немаше никакво изненавудање кога беше во прашање голманската позиција, Арпад одигра цел натпревар, и прикажа солидна партија.
Додека пак од другата страна Талант Душебаев направи големо изненадување, меѓу стативите не беше прославениот Полски голман Шмал, туку цел натпрвар одигра Хрватскиот репрезентативец Марин Шего.
И се чинеше дека Талант Душебаев направи одличен потег со Хратскиот голман, кој пружи една солидна партија, и запиша повеќе од 10 одбрани, со еден одбранет седмерец.

Несомнено ова ќе биде одлична партија на овие два голмани, и на овој натпревар, кој е на програмата утре од 15.30 часот.

Фото: rkvardar.mk