Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > По победата Вардар У-16 над Работнички 4-1, Капитенот Рамиќ: Покажавме кој е најдобриот тим
По победата Вардар У-16 над Работнички 4-1, Капитенот Рамиќ: Покажавме кој е најдобриот тим

По победата Вардар У-16 над Работнички 4-1, Капитенот Рамиќ: Покажавме кој е најдобриот тим

Денеска на младите категории на Фудбалската секција  на црвено-црните ривали на зелените терени  им  беа младинските  екипи на Работнички . По победата на кадетите , својте врсници од Работнички ги победија и помладите пионери . Победата е убедлива со резултат 4-1 , а на полувреме младите надежи на Вардар заминаа со водство од 1-0. Оваа категорија на табелата е во “мртва трка“ за титулата со екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров. Стрелци за помладите пионери на Вардар во овој меч беа : Јакуп Бериша , Кристијан Ристовски , Мартин Филиповски и Марко Ѓоргиевски.

Во изјава за нашиот сајт за овој меч младиот и надежен член на ФК Вардар, капитенот на оваа категорија Елвир Рамиќ ни изјави :

  • Дојдовме со желба  да го победиме тимот на  Работнички затоа што ни требаат бодови и не смееме да си дозволиме повеќе да “киксираме“ . Излеговме на терен со поголема желба за победа .При крајот на првото полувреме поведовме .По почетокот на второто полувреме примивме гол но тоа не не спречи да паднеме психички, се мотивиравме и покажавме кој е најдобриот и почнавме да даваме голови .
  • Звонко Ивановски