Денеска се одигра 14 коло во првенството на младинските категории. Пионерите на Вардар и Работнички ги поделија бодовите, одигрувајќи без победник 1:1. Натпреварот се играше на теренот на Алумина. Стрелец на единствениот погодок за Вардар, беше капитенот Дејан Маркоски.
-Можам да кажам дека беше рамноправен меч, со јако темпо и шанси на двете страни. Задоволен сум од тоа како изиграв јас и целата моја екипа. Сите бевме сконцентрирани на натпреварот . Работевме како вистински тим и штета што изгубивме два бода поради едно невнимание во одбраната, во последните минути од мечот. Но ова беше еден израмнет натпревар, што на крајот сосема заслужено заврши без победник, изјави членот на пионерите Филип Таневски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски