Младинските категории после натпреварите во националниот куп, викендов се враќаат со настапи во првенството. Противник на сите генерации е екипата на Работнички.
-Помладите пионери својот натпревар со овој противник ќе го одиграат утре,со почеток од 11 часот. Мечот ќе се одигра на теренот на Алумина. Оваа генерација предводена од Сашо Тодоровски е во борба за титулата, па трите бода од овој меч се и како неопходни за врвот. Во есенскиот дел Вардарци забележаа убедлива победа со резултат 4:0.
-Пионерите за три дена ќе одиграат два натпревари со екипата на Работнички. Во средата двата тима одиграа меч во рамките на купот на Македонија, на кој Работнички беше поуспешен со резултат 3:1. Првиот натпревар во есенскиот дел заврши со поделба на бодовите . Стрелец тогаш на голот за црвено-црните беше Филип Таневски.
-Можеби најинтересниот дуел помеѓу овие категории, ќе биде оној помеѓу кадетите на двата тима. Избраниците на Љупчо Марковски се наоѓаат на врвот на табелата со шест бода предност пред Металург, и седум бода пред Тетовска Шкендија. Расположението во екипата е на врвно ниво, после пласманот во големото финале на купот. Мечот со Работнички ќе се одигра утре со почеток од 10 часот на теренот на Локомотива. Во есенскиот дел мечот заврши без голови.
-Младинците ќе се обидат да го преболат поразот во купот од Шкупи, каде и беа нападнати од противничките играчи и публика. Токму дуелот со Работнички може да биде ги залечи раните од таа елиминација. Мечот е на програмата утре со почеток од 12 часот.