Во 1977 година дојде во Вардар, ни малку не беше лесно да се облече црвено – црниот дрес. Конкуренцијата во тимот беше голема, а кога го облече дресот на Вардар, не го симна повеќе од 10 години. Играше стандардно на лево крило.
Негова специјалност беше: лесен дриблинг, добар центаршут, удар од далечина, а тие на Вардар му донесуваа многу славје, голови, и победи.
Најголем недостаток му беше играта со глава, но ако не играше со глава, играше со мозок. Лесно се шеташе низ противничкиот шеснаесетник постигнувајќи ефектни погодоци, а токму тоа го сакаше публиката која беше и остана зад Рингов и Вардар на секој натпревар.
Ова беше мал извадок за Легендата на ФК Вардар Васил Рингов, кој повеќе од 10 години, со успех го носеше светиот дрес!