Денес започнуваат квалификациите на младинската женска ракометна репрезентација, во рамките на Европското првенство што оваа година треба да се игра во Шпанија, во градот Валенсија. Спортскиот центар Кале ќе биде домаќин на ова случување кое ќе се игра од денес па се до недела. Македонската репрезентација со 19 години, својот прв дуел ќе го одигра со репрезентацијата на Исланд. Натпреварот е закажан за денес со почеток од 18:30 часот. Претходно во истава група во 16:00 часот, ќе играат репрезентациите на Црна Гора и Холандија.
Првите две пласирани репрезентации ќе играат на Европското првенство за младинки во Шпанија. Сите мечеви ќе ги играме со почеток од 18:30. Утре против Холандија, и последниот дуел во недела против Црна гора. Селектор на овој состав е моменталниот тренер на вториот тим на Жрк Вардар Симе Симовски, во кој преовладуваат ракометарки од оваа екипа.