Младинската ракометна репрезентација до 19 години, во периодот од 17-19 април ќе го одигра квалификацискиот турнир во рамките на европското првенство што ќе се одигра оваа година во Шпанија.
Во составот кој ќе биде предводен од моменталниот тренер на втората екипа на Жрк Вардар и младинките Симе Симовски, доминираат ракометарки на Вардар.
Од првата екипа, тука се голманот Драгана Петковска, потоа Сара Митова и Симона Стојановска. Од втората екипа на Вардар повикани се: Нина Ладева, Наташа Нолевска, Ангела Тодоровска, Теодора Керамитчиева, Нина Бојаџиска, Ангела Петревска, Стефанија Мишевска. С.Р.Ц. Кале ќе биде домаќин на овој кфалификациски турнир. Ова е одлична можност за овие млади девојки да се докажат и да не престават во најдобро светло. Собирот е предвиден за понеделник. Во група сме со репрезентациите на Црна Гора, Холандија и Исланд. Првите две пласирани ќе се пласираат на Европското првенство во Шпанија.