Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Втората екипа на Жрк Вардар продолжува победнички
Втората екипа на Жрк Вардар продолжува победнички

Втората екипа на Жрк Вардар продолжува победнички

Избраничките на Симе Симовски продолжија со настапите во Супер лигата. После големата победа против екипата на Металург, забележаа нов триумф во дуелот против Ѓорче. Незивесност околу победникот постоеше само во првиот дел, кога на пауза се замина со резултат 13:11.

На почетокот на второто полувреме, Вардарки направија серија од 6:0 и го скршија отпорот на противникот. Како одминуваше натпреварот, разликата во наша корист се зголемуваше. Конечниот резултат гласеше 32:20.

Со оваа победа, Вардар се изедначи на табелата со бодови со екипата на Металург, со кои го делат второто место.

Нолевска беше повторно најефикасна ракометарка постигнувајќи 12 гола. Тодоровска ја следеше додавајќи 5 погодоци.

Вардар: Белмезова, Ладева, Младеновска, Прленда 3, Петровска, Ангеловска 3, Трпковска 2, Бојаџиска, Тодоровска 5, Нолевска 12, Трајчевска, Џини 2, Керамичиева 1, Мишевска 1, Трајковска, Гичевска 3.

Покрај овој меч во супер лигата, втората екипа на Вардар одигра и два напревари во рамките на младинската лига, каде забележаа големи победи.

Младинска лига

ЖРК Вардар – Вардар 44:10 (27:4) – 12. коло

Преспа – ЖРК Вардар 12:55 (5:29) – 11. коло

Фото: Жрк Вардармк.